Чулев: Со олабавување на мерките, се очекува зголемување на бројката на илегални мигранти

by Fokus

Олабавувањето на мерките за заштита од ковид-19 ќе придонесе за интензивирање на илегалната миграција во цел регион на Југоисточна Европа, при што повторно ќе бидат активирани криумчарските рути, посебно преку Беласица, во насока од кампот Муриес во Грција кон нашата држава, оцени министерот за внатрешни работи Наќе Чулев по денешната посетата на граничниот премин „Богородица“, ОВР – Гевгелија и на СВР-Струмица.

„Со појавата на ковид-19 имаме драстично намалување на бројот на илегални мигранти, но гледаме раздвижување кај криумчарите на мигранти во овој период, при што има појава на илегална миграција во железнички вагони на граничниот премин ‘Богородица’, а во југоисточниот дел на државата очекуваме раздвижување преку планината Беласица, како резултат убавото време“, рече Чулев.

 

Поврзани новости