Чулев: Снимката со Мицкоски во теретана е од октомври 2019 година

by Fokus

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на својот “Фејсбук” објасни за снимката од теретана која се појави на социјалните мрежи, а на која се гледа Христијан Мицкоски, во придружба на актуелниот командир на полициската единица “Тигар” во улога на негов телохранител.

Чулев вели дека бил направен увид во видео-надзорот од фитнес-центарот за периодот од 1 до 27 април и оти ниту лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ниту двајцата припадници на МВР кои се со него, ги нема на снимките од тој период.

„Исто така, извршени се службени разговори со полициските службеници во ЕВР Аеродром и Драчево и со неколку вработени во теретаната, кои потврдиле дека истата не работи по донесувањето на мерките од Владата и дека на снимките ги нема известувањата дека објектот не работи т.е. дека снимките се постари. Една од вработените посочила и дека снимката е од 20.10.2019 кога последен пат заедно ги видела во теретаната Х. М и полициските службеници. Дека се работи за настан од 20.10.2019 изјавиле и полициските службеници, кои појасниле дека тој ден извршувале работни задачи на обезбедување на претседател на политичка партија, што било потврдено и по увидот на системот на вработените лица во МВР“,- пишува Чулев.

Тој наведува и изјава на една вработена која кажува дека на снимката се гледа шкаф без врата, а врата на шкафот била ставена во ноември 2019 г., што значи дека снимката е пред тој период.

Поврзани новости