Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во интевјуто за РСЕ вели дека Владата нема слух за неговите предлози и оти досега не го викнале на ниту една владина прес-конференција.
– Сепак морам да кажам дека не секогаш наидувам и моите предлози до Владата, па и уредбите коишто ги предлагам не наидуваат на слух од страна на претседателот на Владата Оливер Спасовски и на другите министри, така што често ми се одбиваат предлози, а искрено не сум консултиран за одредени нивни предлози, уредби, за коишто тие вршат меѓусебни консултации, вели тој.
Чулев додава дека тоа не се однесува во доменот на МВР, меѓутоа, како што истакнува, Владата во моментот има и законодавна улога, но и извршна улога, и сите одлука треба да бидат меѓусебно дискутирани и споделувани.
– Не сум вклучен во тие дискусии, дури ни во одредени активности на Владата, јас пак ќе кажам во тие групи на социјални мрежи коишто ги имаат, а јас не сум вклучен, а досега ниту еднаш не сум викнат на прес-конференција којашто е организирана од страна на Владата. Mеѓутоа сепак тоа се работи кои не треба да ги пренагласуваме во ситуација кога заеднички треба да се справуваме со заканата од корона вирусот, изјави Чулев во интервјуто за РСЕ.