Чулев реагира зошто Пендаровски не се консултирал со него за вонредната состојба

by Fokus

Mинистерот за внатрешни работи Наќе Чулев реагира зошто претседателот Стево Пендаровски пред да одлучи дека нема да прогласи нова вонредна состојба не се консултирал и со него, како што се консултирал во Венко Филипче, бидејќи тој раководи со МВР кое во голем дел е вклучено во справувањето со коронавирусот.

„Неговата позиција не дозволува одлуките кои се носат да бидат донесени без консултација со сите релевантни фактори, а уште помалку доколку во прашање е здравјето на граѓаните“, вели Чулев.

Тој смета дека Пендаровски кога одлучил да не прогласува вонредна состојба бил под политичко влијание.

„Носењето на одлуката за непродолжување на вонредната состојба без да се консултираат најважните институции во државата отвора кај мене сомнеж дека одлуката е донесена повеќе врз основа на политичко влијание, а многу помалку врз основа на стручното мислење и реалните аргументи со кои располагаат институциите, стручни аргументи кои до сега беа тема на дискусија на седниците на Советот за безбедност. Факт е дека бројот на заразени од коронавирусот изминатите неколку денови е голем и истиот треба да биде причина за многу посериозен пристап, не само при носењето на оваа важна одлука, туку и при постапувањето на сите институции кои имаат одговорност во овој процес“, пишува Чулев.

 

 

Поврзани новости