Доктор Диме Коцев, директор на ЈЗУ Кавадарци и член на И.О. СДСМ Кавадарци, на прес конференција истакна дека министерот за внатрешни работи Наќе Чулев свесно го загрозил јавното здравје и придонел за денешните бројки на новозаболените од Ковид – 19.
Според него, пред очите на целата јавност се случувале многу прекршувања на мерките, кои Чулев немо ги игнорирал.
-Сите овие поголеми бројки на кои сме сведоци деновиве, се директна последица на неколку фактори: Првенствено, но и најмногу од непрофесионалното и намерно неефикасното работење во спроведување на мерките од страна на министерот за внатрешни работи. Прекршувањата на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час за кои беше сведок целата јавност, беа игнорирани од страна на Чулев. Со тоа истиот свесно го загрози јавното здравје и активно придонесе денес да имаме вакви бројки. Како второ, согласно известувањето од Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми. Тоа значи дека се тестира во точно утврдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави – истакна доктор Коцев.
В.К.