700
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев посочи дека поднесени се кривични пријави против 21 лице за прекршување на полицискиот час во Сингелиќ, каде пред неколку дена граѓани излегоа на протест за време на полициски час поради приведување на неколку нивни соседи.
-Ние досега имаме идентификувано и повикано на разговор уште 21 лице, а во процес на идентификација сме и на други лица кои учествуваа во настанот за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до ОЈО – најави Чулев во Клик Плус на ТВ 21.
Тој додаде дека 16 припадници на МВР се позитивни на коронавирус, а едно лице починало.