466
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, во Топ тема на Телма рече дека земјава има најмал процент на заразени припадници на полицијата во регионот. Како што истакна тој, само 18 припадници на МВР се позитивни на Ковид 19 од повеќе од 12.000 вработени.
-Во сите случаи, според епидемиолошката анкета која се прави и која ја утврдува поврзаноста, е утврдено дека заразувањето е надвор од работното место. На пример, имаме припадник на специјална единица кој се заразил додека волонтирал во Црвен крст – рече Чулев.