Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев истакна дека тоа што Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската партија којашто го предложила за министер за внатршени работи и неговиот советник Љупчо Андоновски, се повикани на разговор во полициска станица, зборува за неселектитен пристап.
-Мојот советник и лидерот на опозицијата прекршиле уредба на владата со која се забранува престој во затворен објект, тие ја признаа грешката заради незнаење и во координација со JO, МВР ги повика на разговор. Во иднина ќе бидат повикани сите кои ќе се огрешат пред законот, рече Чулев.
На прашањето дали Андоновски ќе биде разрешен, министерот Чулев рече дека треба да се види како ќе заврши постапката.
Андоновски денеска се појави на информативен разговор во полициска станица, но не и Мицкоски. Тој испрати адвокат.