Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена должност до директорот „Еурокопозит“, Златко Граоровски и неговиот стручен советник Васил Коцев. За кривичната пријава денеска информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
„Двете лица со намера да извлечат финансиски средства од ‘Еурокомпозит’. Тие без да ги известат стручни служби на компанијата, односно одборот на директори, пристапиле со вклучување кон наводен договор со фирма од Република Гана во износ од милион и 725.000 евра за изработка на 15.000 рударски шлемови и тоа по цена којашто е неколкупати повисока од реалната“, рече Чулев, од пред полициската станица во Прилеп.
Според него, лицата ја направиле набавката без да информираат никого и комуникацијата ја воделе преку приватни емаил адреси, а не преку службенит еканали на компанијата.
„Индикација е тоа што вкупната коресподенција се вршела преку физичко лице во Гана, коешто било посредник, а нему и на други физички лица им се извршени трансфери на пари преку ‘Мани Грам’ на име на авторзаицја на договор во Врховниот суд на Гана. Извршени се финансиски трансакции и за пријавата за склучување на тендерот“, истакна Чулев.
Тој додаде дека од девизната сметка на „Еурокомпозит“ извршени се исплати на наводен адвокат исто така лоциран во Гана, во висина од 34.000 евра.
Според Чулев, не можело да се префрлаат финансиските средства, бидејќи не постоела реализација на договорот.
„Со ова тие го оштетите и буџетот на ‘Еурокомпозит’ и буџетот на земјава, а одделот за внатрешни работи утврди дека договорот не ниту заведен во архивата на компанијата и не бил презентиран пред менаџментот, туку целата кореспонденција се водела преку приватна емаил адреса на Васил Коцев, а договорот бил архивиран во приватна архива на директорот Златко Граороски“, рече министерот.