789
Ситуацијата со корона вирусот направи тотален хаос во целиот свет, а главоболки создаде и на македонските власти и граѓани.
Техничкит министер за внатрешни работи, Наќе Чулев даде појаснување околу целата ситуација со пасошите и проблемот за нивно издавање.
„Ситуацијата со корона вирусот не го спречи интересот на граѓаните за патните исправи. Начелно, рокот за решавање на овој проблем е до крајот на овој месец, но ние имаме ветување дека патните исправи ќе стигнат околу 15/17 март. Околу 20 илјади граѓани чекаат на своите пасоши и верувам дека сето ова брзо ќе се реши“, истакна Чулев.