685
Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, соопшти министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев во интервју за ТВ 21.
-Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради корона вирусот, рече Чулев.