623
Техничкиот министер за внатрешни работи ја демантира изјавата на вицепремиерката Радмила Шекеринска дека полициските службеници кои се позитивни на тестот за коронавирусот заразата ја добиле на одбележување на Денот на полицијата.
„Ваквите неумесни и паушални изјави најпрво фрлаат сенка на работата на Министерството за внатрешни работи, а потоа и на професионалноста и одговорноста на полициските службеници кои целиот изминат период успешно се борат против ширењето на пандемијата во нашата држава. Факт е дека ваквото одбележување на која дадовме почит и признание на полициските полициските службеници од првиот ден е „трн во око“ на Шекеринска, а со денешните неточни изјави уште еднаш се потврди тоа“, стои во демантот на Чулев.
Тој посочува дека на вежбата полициските службеници ја носеле потребната заштитна опрема и ја почитуваа пропишана дистанца за целосна превенција и заштита од коронавирусот.