703
Претседателот Стево Пендаровски, попладнево ги прими членовите на новиот состав на преодната Влада за спроведување изборите, но на приемот не се појавија двајцата технички министри предложени од ВМРО-ДПМНЕ.
На фотографиите објавени на страницата на претседателот недостасуваат Наќе Чулев, новиот министер за внатрешни работи и Рахела Мизрахи, новата министерка за труд и социјална политика.