Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска ги посети припадниците на Единицата за брзо распоредување во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“ во Скопје.
-Храброста на полициските службеници е во прв план особено во вакви моменти кога тие имаат клучна улога во обезбедувањето на здравствената сигурност на граѓаните.
Ова го истакнав денес во рамки на работната посета на припадниците на Единицата за брзо распоредување во Полицискиот центар “Ѓорче Петров“ во Скопје.
Притоа во разговорот со раководните луѓе на единицата непосредно бев информиран за сите тековни задачи на припадниците на ЕБР примарно околу доследното спроведување на мерките, уредбите и препораките на Владата, но и во делот на другите законски надлежности на оваа организациона единица на МВР.
Во кусото обраќање пред полициските службеници, ја истакна важноста на оваа специјална единица за Министерството за внатрешни работи, но и за целата држава. Истакнав дека припадниците на оваа единица се исклучително храбри луѓе чија професионалност и посветеност е потврдена во повеќе клучни моменти за нашата држава.
Потенцирав дека Министерството за внатрешни работи располага со сите неопходни заштитни средства и опрема. Сите потребни количини се обезбедени во магацините на Министерството за внатрешни работи, а во зависност од потребите голем дел од нив веќе се дистрибуирани до организациските единици. Апелирав до нив да го заштитат своето здравје и да ја користат заштитната опрема која им е ставена на располагање, напиша министерот Чулев на фејсбук.