Чулев: Ги охрабрувам колегите да ги повикаат на разговор сите политичари од „бомбите“, вклучително и Заев

by Frosina Fakova

Полициските службеници имаат право да ги повикаат на разговор сите лица за кои постојат индиции дека сториле кривично дело и тоа ниту е мој избор, а ниту моја одлука, уште повеќе доколку тие индиции се поткрепени со материјални докази, аудио или видео снимки, објави на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Во денешната изјава лидерот на СДСМ јавно ме повика да ги поканиме на разговор и други лица кои се споменуваат во бомбите и уште веднаш ги охрабрувам моите колеги во најкраток можен рок да го направат тоа, но не само оние кои ги спомена тој, туку сите политичари кои изминатиот период беа поврзани, споменувани или во иднина ќе бидат поврзани со некоја од бомбите кои се објавуваат во јавноста, вклучувајќи го и самиот Зоран Заев, вели Чулев, во реакцијата на изјавата на Зоран Заев.

Правда за граѓаните, посочува Чулев, мора да има и секој треба да одговара за криминалот кој го направил, особено доколку со тоа го оштетил буџетот на државата.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска го повика министерот Чулев, исто како што го повика на разговор во полициска станица, поранешниот директор на ФЗОМ, Ден Дончев, да го повика и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и бизнисменот Орце Камчев поради објавените „бомби“.

Поврзани новости