711
Техничкиот министер за надоворешни работи, Наќе Чулев во вечерашното интервју на ТВ 24 негираше дека МВР не поднесува кривична пријава против реисот Сулејман Реџепи, за изјавата со која се закани дека ќе ги повика верниците да не ги почитуваат мерките, бидејќи станува збор за првиот човек на ИВЗ.
-Чекам колегите да се искоординираат со Основното јавно обвинителство, па да се одлучи дали ќе се оди со кривична пријава. За тоа дали има елементи во неговата изјава за кривична пријава, да почекаме што ќе каже ОЈО. Не би да преудицирам одлука на ОЈО.
Колегите комуницираа со јавниот обвинител и сега чекаме. ОЈО треба да не води во постапката, тврди Чулев.