Чудо во Русија – паднал од 19. кат и преживеал

by Fokus

Маж во југозападниот рускиот град Воронеж паднал од зграда, од 19. кат и го преживеал падот. Тој паднал врз паркиран автомобил, пишува „Известија“.

Локалните жители на социјалните мрежи пишуваат дека човекот бил во алкохолизирана состојба и паднал од висина од околу 60-тина метри врз автомобил „нисан“.

Спасувачите го извлекле повредениот, а лекарите му укажале прва помош.

По падот, според раскажувањата на очевидците, тој станал и почнал да ја пее песната „Љубовта е како сон“.

Руските медиуми пишуваат дека „среќниот човек“ потоа сам отишол во итната медицинска помош, каде му биле констатирани повреди на главата и ‘рбетот.

Поврзани новости