Човекот што ги уби соседите во Канада, бил уверен дека се разболува од зградата

by Fokus

Човекот кој во неделата вечерта пукаше и уби петмина во станбена зграда во предградие на Торонто со години ги малтретирал соседите и се заканувал на управата на зградата затоа што бил уверен дека се разболува од неа.

Вчера, на конференција за новинарите, шефот на полицијата во регионот Јорк, Џејмс МекСви, го идентификуваше напаѓачот како Франческо Вели, пишува „Гардијан“.

Полицијата соопшти дека 73-годишниот станар на зградата пукал и убил тројца мажи и две жени и ранил 66-годишен човек кој е во болница.

„Три жртви бели членови на Советот. Темелно ќе го истражиме тоа што се случило3, рече Мексви. Видеата објавени на профилот на Фејсбук од вели, вклучително и она објавено ден по пукањето, покажуваат дека бил фрустриран од Советот на станари, но и од останатите соседи и станари.

Поврзани новости