Осумдесетгодишниот Виетнаменец Таи Нгок не спие од 1962 година, а медицината нема објаснување за неговата несоница.
Лекарите постојано тестирале дали Таи глуми несоница и откриле дека тој навистина бил буден во сите часови од денот.
Човек кој не спиел 62 години тврди дека неговата исхрана е прилично едноставна, но тој пие вино од ориз повеќето денови, што верува дека можело да влијае на неговиот сон.
Првите проблеми се појавиле за време на Виетнамската војна кога тој тогаш тинејџер, едноставно престанал да спие.
Интересно е што ја повредил раката во исто време кога престанал да спие, но врската меѓу двете работи не е утврдена. Проблемот со несоницата се обидел да го реши со дрога и големи количини алкохол, но ништо од тоа не му помогнало.
Нгок верува дека несоницата лошо влијае на него и се што навистина сака е да спие. Неговото семејство и пријателите на почетокот биле загрижени, но подоцна прифатиле дека 80-годишникот едноставно не спие. Додека другите спијат, тој обично готви вино од ориз или ја чисти куќата.
Најдолгото лице без сон бил 264 часа, односно нешто повеќе од 11 дена. Ниту лекарите не утврдиле како е тоа можно, со оглед на тоа што Нгок ги нема типичните симптоми на несоница.
Имено, по три дена без сон започнуваат халуцинации кои со текот на времето се влошуваат, но Таи Нгок нема такви проблеми, ниту пак некогаш ги имал.
Некои експерти се убедени дека Нгок повремено дреме и на тој начин останува функционален.