Човекот, кој вчера бегајќи од полицијата се качи на дрво, имал психички проблеми

by Fokus

На 15.12.2024 во 15.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Благој Давков“ во Скопје има машко лице, најверојатно со психички проблеми, кое тропало по вратите на становите и ги вознемирувало станарите.

Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот, а кога ги видело полициските службеници, лицето се качило на дрво на висина од 15 метри. По одредено време, лицето доброволно се симнало. Утврдено е дека станува збор за Д.Б. и по укажаната помош на лице место од екипа на Итна помош, лицето е пренесено во здравствена установа.

Поврзани новости