Човек сам учи да мрази. Никој не се раѓа со омраза. Срцето е створено да сака, омразата сами ја одбираме. Кога веќе имаш избор зошто одбираш да мразиш? Полесен ли е изборот на завист, на љубомора и на омраза од оној да сакаш, да помагаш и да бидеш добронамерен? Омразата ти ја јаде душата, и станува зависна од еднолична храна. Те празни. Кога ќе се осетиш, веднаш пробај да го смениш начинот на перцепција кон животот. Не живеј за да мразиш, живеј за да сакаш.
На темава сакам да ви раскажам и една приказна: Едно куче додека било на лов со својот газда, се изгубило низ шумата. Почнало невреме, било ладно и врнежливо, па само со себе талкајќи така низ шумата, за среќа по извесно време нашло засолниште. Се скрило во една пештера која целата била обложена со кристали од кои можело да си го види сопствениот одраз. Кучето иако било гладно и изнемоштено, штом се забележало во огледалата веднаш почнало да лае. Цела ноќ лаело без престан, лаејќи си себеси. И така без да го дочека сонцето, паднало во бесознание од умор и умрело. Само еден момент бил пресуден тоа да преживее. Наместо да лае со часови, било доволно само еднаш да се насмее и насмевката да му биде возвратена.
Слично се случува и со нас, луѓето.