Човек од доверба на Зеленски кој беше сигурен во победа на Украина – кој е министерот што загина?

by fokus

Под се уште неразјаснети околности, во хеликоптерска несреќа во близина на Киев загина украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски. Покрај него, загинаа уште 17 лица, меѓу кои и три деца, а причините за трагедијата се уште не се познати.

Веста за жртвите ја потврди началникот на полицијата на регионот Киев, Игор Клименко, кој се прости од претпоставениот, кој важеше за еден од оние државници кои безусловно ја бранат Украина.

Како што јави РИА Новости, во хеликоптерот се наоѓале и неколку службеници на Министерството за внатрешни работи. Загинатиот министер бил во хеликоптерот и ќе се истражува што довело до неговиот пад.

Покрај него, во леталото загинаа уште осум лица, додека останатите загинаа во близина на градинката каде што падна хеликоптерот.

Тие веднаш се хоспитализирани и не се знае нивната состојба.

Според Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воено-цивилна администрација на Киев, децата биле во градинка кога се урнал авионот.

Инаку, трагично загинатиот министер е еден од луѓето кои уживаат голема доверба на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој беше еден од предводниците на претседателската кампања на Зеленски на претходните избори, а потоа пред година и пол беше назначен на функцијата што ја извршуваше до денес.

Имаше 41 година и важи за еден од најобразованите министри на украинската влада. Пред да влезе во политиката се занимаваше со адвокатура.

Кога станува збор за неговата политика во однос на војната што ја зафати неговата земја, Монастирски отсекогаш велеше дека е сигурен во победата на Украина.

Според него, Русите најмногу ги изненадило тоа што украинскиот народ не се плаши од нив.

Масовните протести што избија во Бердјанск, Мелитопол, Керсон и други окупирани украински градови беа изненадување за Русите, кои очекуваа да бидат поздравени од проруските локални жители. Сепак, тие се соочија со цивили кои зборуваат руски, но се залагаат за Украина. Сега сфаќаат дека направиле голема грешка, изјавуваше министерот.

Поврзани новости