692
Фото: Ројтерс
Сензација и воодушевување предизвика светскиот шампион во џет-ски Французинот Френки Запата кој денеска леташе со „флајборд“ над Шанзелизе во Париз за време на традиционалната парада по повод францускиот национален празник 14 јули.
Запата леташе во футуристички спектакл, лебдејќи исправено со пушка во раката. Летечката машина на Запата работи на керозин, може да лета со брзина од 190 км на час, а летот трае околу десет минути. Како што соопшти претходно француската министерка за одбрана, оваа иновација ќе се користи за логистика или за воен напад.
На парадата учествуваа над 4.000 војници, 196 возила, 69 авиони и 39 хеликоптери, како и 237 коњи.