822
Човечки труп бил забележан од случаен минувач вчера во близина на Неготино, во бездна, кај местото викано Просек, информираат од СВР Велес.
Според информациите до кои дојде „Фокус”, телото го забележал планинар, кој потоа пријавил во полиција.
Станува збор за доста длабока бездна и од вчера траеле обидите за извлекување.
Денес, како што дознаваме, ќе бидат повикани стручни екипи од Скопје напомош.
Нема информација дали станува збор за тело на жена или маж, ниту пак во која фаза се наоѓа, односно дали станува збор за лице кое починало неодамна или пред подолг период.
– Штом се извлече телото, ќе имаме повеќе информации – кратко ни изјавија од СВР Велес.
Вики Клинчарова