Чоловиќ Лешоска: Сечењето на шумите и хидроцентралите се закана по нашата гордост – Балканскиот рис

by Fokus

На глобално ниво 11ти јуни се одбележува како ден за заштита на дивата мачка – рис. Кај нас го имаме таканаречениот Балкански рис и живее во шумите поточно во националниот парк Маврово и останатите подрачја прекугранично со Албанија. За неговата заштита и закана од негово истребување разговаравме директно со еко активистката Ана Чоловиќ Лешоска, координаторка за политики во WWF и извршна директорка на Еко-свест.

Фокус: Постојано се апелира дека не се води доволна грижа за дивите животни и дека има закана за нивно истребување во земјава, поточно Балканскиот рис. Што треба да се преземе за негова заштита?

Чоловиќ-Лешоска: Балканскиот рис е едно прекрасно и харизматично животно на кое сме особено горди што го имаме- затоа и сме го овековечиле на монетата од 5 денари. Тој е критично загрозен подвид на Евроазискиот вид и токму затоа ние ја сносиме одговорноста да го заштитиме, не само пред самите себе туку пред целиот свет- бидејќи тој претставува светска природна вредност.

За да го заштитиме треба под итно да го репрогласиме националниот парк Маврово за да се донесе законот и планот за управување кој ќе предвиди мерки за негова заштита. Воедно, неопходно е да се заштитат и коридорите кои се користат од страна на животното за да се избегне несакани последици (како на пример жртви на автопатиштата, криволов и сл), како и да се зајакне заштитата на шумите и да се отстрани нелегалната сеча на истите. Истовремено мора да се престане со инфраструктурни зафати во заштитените подрачја и подрачјата проценети како вредни за опстанокот на дивите видови, вклучително и изградбата на малите хидроцентрали. На тој начин ќе можеме да ги заштитиме пределите кои ги користи рисот и неговиот плен, а со тоа да овозможиме и закрепнување на неговата популација.

На државно ниво затоа е потребна стратегија за заштита на рисот, која постои но треба да се ажурира и која вклучува мерки за заштита но и низа други активности како едукација, работа со ловните друштва, воспоставување на системи за мониторинг и сл.

Фокус: Балканскиот рис е на таканаречената црвена листа на Министерството за животна средина и просторно планирање, што значи тоа?

Чоловиќ-Лешоска: На “Црвената листа“ Балканскиот рис е оценет како критично загрозен и тоа значи дека треба да се преземат конкретни мерки за негова заштита.Со самото тоа што популацијата на Балканскиот рис се проценува на 32 зрели единки, постои огромна закана за негово истребување. Освен прогласување на заштитени подрачја, потребна еи истражување и мониторинг за балканскиот рис со цел да се утврдат бројноста, трендот, појавата во нови подрачја и да се врши следење со таканаречена телеметрија.

За оние кои не знаат, балканскиот рис во земјава е распространет во западните делови, по границата со Албанија. Опсегот на распространување му се движи од Шар Планина, на северозапад, па сè до Националниот парк „Галичица“, на југозапад. Живеалиштето му е во листопадни и зимзелени шуми, но и фрагментирани шуми, како и шибјаци. Во летниот период повремено се движи и по високопланинските пасишта. Тој се храни најмногу со срни, поретко со диви зајаци, дивокози, куни и лисици, а понекогаш со диви свињи.

Фокус: Кои се препораките од Бернската ковенција преку која во 2017 година Балканскиот рис влезе на листата на заштитени видови?

Чоловиќ-Лешоска.:На 37-та средба на Комитетот на БернскатаКонвенцијакоја се одржа на 5-ти декември 2017 годинавоСтразбур, балканскиотрисбешеставенкако вид воПрилогбр. 2 на строго заштитени животински видови за кои е потребна посебна заштита, поиницијатива на албанскотоМинистерствозатуризам и животнасредина. Оттаму, јасни се препораките на Бернската конвенција во која се препознаваат важноста и итноста за поголема легална заштита на Балканскиот рис. Не смеемеда останеме пасивни, туку треба да ја превземеме обврската да го заштитиме ова национално и светско природно богатство.

Фокус: Светскиот фонд за природа Адриа се грижи за иднината на природата веќе 60 години наназад, што се презема оваа година за одбележување на 11ти јуни?

Чоловиќ-Лешоска:Токму така, Светскиотфондзаприрода(WWF Adria)секоја година го одбележува светскиот ден на заштита на рисот 11-ти јуни. Оваа година ги поканувамедо сите љубители на дивото животно – рис  да донираат за негова заштита преку онлајн сметката на нашиот сајт. Ние постојано сме гласот на природата и сакаме да гледаме на светлата страна на дивиот свет, реките, шумите, морињата, езерата. Може да се каже дека пандемијата ги натера луѓето да размислуваат за поголема грижа за природата, исите увидоа дека брзото темпо на живот е мотор на уништувањето на природните ресурси, а и на нашето здравје. Природата треба да е иднината за секоја генерација, затоа не смееме да не ја уништуваме туку мораме да ја зачуваме, да и дадеме можност да се обнови и да постои во хармонија со луѓето.

Соња Танеска

Поврзани новости