Членовите на Судски совет да си дадат колективна оставка, вели Петковска од Коалицијата „Сите за правично судење“

by fokus

Колективна оставка од членовите на Судскиот совет и избор на нови предложи Ивана Петковска од коалицијата „Сите за правично судење“ синоќа во емисијата „24 Отворено“.

Коалицијата активно ги следат седниците на Судскиот совет во изминатите години и ваква ситуаација како сегашната досега не сретнале. Таа повтори дека законот не предвидува постапка за разрешување на претседател.

Според неа, потребно е членовите на Судскиот совет да си го задржат својот интегритет и да си поднесат колективна оставка, без оглед на тоа дали гласале за или против разрешувањето на Весна Дамева, а потоа да се изберат нови членови кои ќе ги спроведат неопходните реформи кои ќе придонесат за целосно функционирање на судството.

-Не знаеме оваа ситуацијаа со Судскиот Совет како ќе заврши, но се надеваме дека Судскиот совет ќе се одважи соодветно, односно членовите за да го задржат својот интегриитет, без разлика на тие што гласале за или против, за да си дадат оставки и во насока на подобрување на судскиот систем враќање на довербата на граѓаните, дека ќе се пристапи кон избор на нови членови кои што членови ќе треба да вложат и тоа какви напори за одговорно работење за спроведување на квалитетни и соодветни реформи, рече Петковска.

По контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, Судскиот совет не избра нов претседател и ја одложи и вчера закажаната седница. Несогласувањата ќе ги решавале на колегиум, без јавност.

Поврзани новости