Судскиот процес против Здравко Савески и Владимир Куновски кои се обвинети за демолирање на канцеларијата на Иванов се одложи по втор пат.
До тогаш тие остануваат во домашен притвор, бидејќи Апелацијата ја одби жалбата на Обвинителството кое бараше тие да бидат притворени во Шутка додека трае судскиот процес.
Очекувањета од денешнотто рочиште за напредок на судскиот процес повторно заврши со разочарување за обвинетитете.Иако државното правобранителство уште пред една недела утврди дека штетата од уништената канцеларија на претседателот Иванов изнесува 8 ипол илјади евра, правобранителката пристигна на денешното рочиште без материјалното вештачење.
– Ни го одложија судењето повторно, за цели 12 дена и веројатно ќе ни го продолжат куќниот притвор за дополнителни 30 дена. Сето ова бидејќи Правобранителството не подготвило некој документ или така нешто. Некоја многу важна причина дефинитивно. Ама, нема правда нема мир – порача Савески.
Инаку, двајцата членови на „Левица” се во куќен притвор повеќе од еден месец. За студентот Борјан Ефтимов пак, кривичниот суд вчера пресуди 3 месеци условно, ако во наредната година не стори кривично дело.