Членовите на Комисијата за заразни болести се поставија како политичари, велат од ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

Владата на Заев заедно со Комисијата за заразни болести потфрлија. Неспособноста на власта и Комисијата резултира со 834 починати лица, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија поради неодговорноста на власта и Комисијата се искачи на првото место во регионот и пошироко по новозаразени и починати од КОВИД-19. Членовите на Комисијата за заразни болести наместо како лекари се поставија како политичари.

Болници преполни, здравствен кадар преморен, власта не го дочека претстојниот есенски бран на КОВИД подготвена. Очигледно е дека Владата на Заев нема стратегија.

Граѓаните се жртва на неспособноста и неодговорноста на власта. Граѓаните бараат одговорност“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости