Членовите на ДИК со државни пари купувале службени телефони од 1.000 евра

by fokus

Телефони од речиси 1.000 евра, биле купувани за членовите на Државната изборна комисија (ДИК), со државни пари, објави ЦИВИЛ.

Цивил открива дека Државната изборна комисија за 2016-2017 година потрошила „само“ 16.533.705 денари (268.840 евра) за набавка на фотелји, конференциска маса, метални ормари и сеф, греалки, клими, мобилни апарати, компјутери, екстерни хард-дискови, принтери, софтвери и систем за озвучување.

Од мобилните телефони, освен мобилниот телефон Apple iPhone 7 plus-128GB Black,5.5 inches кој чини 67.000 денари, најголемиот интерес на мобилни апарати за службени потреби на членовите на ДИК се  Samsung Galaxy Note 8 NEW 2017,gold,6.3, девет апарати, секој поединечно со цена од 58.000 денари, односно вкупно 589.000 денари (9.577 евра). Овие мобилни телефони се набавени во 2017 година. Во 2016 година потрошени се 496.956 денари (8.080 евра) за десет мобилни телефони. Тоа изнесува фантастични 1.085.905 денари (17.657 евра) за 20 мобилни телефони, потрошени само за една година за  членовите на Државната изборна комисија.

 

Поврзани новости