Членовите на ДИК кај Пендаровски-утре ќе достават мислење за роковите за избори

by Frosina Fakova

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Државната изборна комисија откако вчера лидерите на политичките партии се состанаа кај него и требаше да одредат датум за избори.

-Претседателот Пендаровски ги запозна членовите на Државната изборна комисија со ставовите на претседателите на политичките партии и консензуално усвоениот став дека е потребно Државната изборна комисија да достави мислење за временските рокови потребни за спроведување на изборниот процес. На средбата беше договорено ДИК утре да го достави своето мислење до Кабинетот на Претседателот, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Лидерите вчера се договорија да се сретнат повторно наредната недела, а дотогаш прво да ги консултираат Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и набљудувачите од ОБСЕ и ОДИХР, па потоа да одредат евентуален датум за избори.

Поврзани новости