Членови на ВМРО-ДПМНЕ со иницијатива за вонреден конгрес на партијата и оставка од Мицкоски

by Fokus

Членови на ВМРО-ДПМНЕ бараат вонреден партиски конкрес и оставка од лидерот Христијан Мицкоски и актуелното раководство. По поразот на последните парламентарни избори, тие сметаат дека е време за промени.

„Го повикуваме Мицкоски да го послуша апелот на членството. Ако не го стори тоа, ние како Иницијативен одбор ќе преземеме чекори за закажување вонреден конгрес“,  рече Весна Дамчевска, член на Извршниот комитет на Унијата на жени.

Според Дамчевска – Илиевска, не се виновни граѓаните кои гласале за Зоран Заев, туку вината треба да се бара кај Мицкоски, кој не донел препознатливи политики и не успеал да изгради став по ниту едно прашање.

„Одговорен е тој што го води тимот, а тоа е Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници. ВМРО-ДПМНЕ ги загуби и претседателските избори и локалните избори во Охрид и Ново село. Вината повторно може да се префрла, но вистината е дека тој што го  состави тимот а тоа е Мицкоски. На Македонија и треба силно ВМРО-ДПМНЕ , а на ВМРО-ДПМНЕ му треба ново раководство. Во интервју тој рече дека ќе поднесе оставка ако ги изгуби изборите и не формира Влада. Останува да го испочитува зборот“, рече Дамчевска.

Доколку не го послуша апелот на членството, рече, како Иницијативен одбор ќе преземат чекори за закажување вонреден конкрес. Но, не откри колку луѓе стојат позади ицнијативата.

Во препознатливите лица од партијата за време на изјавата пред седиштето на партијата, можеа да се видат десетици поддржувачи, меѓу кои поранешните градоначалници на Аеродром и Дојран, Ивица Конески и Борче Стамов, актуелниот градоначалник на Бутел, Петре Латиновски, како и Филип Петровски.

 

 

Поврзани новости