Извештајот за АКМИС системот, во кој директно се посочува дека во Кривичниот и Врховниот суд, наместо електронски се делеле предмети и на рака, сѐ уште не стигнал во рацете на членовите на Судскиот совет, бидејќи дел од нив немаат добиено безбедносните сертификати.
-Извештајот на работната група на Министерството за правда за злоупотребите со електронскиот систем за распределба на предмети во судовите, познат како АКМИС, ќе биде ставен на дневен ред на седница на Судскиот совет откако сите членови на Советот ќе добијат добијат безбедносни сертификати за да направат увид во материјало, изјави денеска Зоран Караџовски, претседател на Судскиот совет.
Тој појасни дека извештајот е доверлив.
– Извештајот е обележан како строго доверлив материјал. Во фаза на добивање безбедносен сертификат се членовите кои го немаат. Во моментов безбедносен сертификат имаат шест членови од Судскиот совет. Не ми се јасни причините зошто е така класифициран тој материјал. Ништо помпезно, ништо страшно, како што јавуваат медиумите нема во тој извештај – рече Караџовски.