Членот на Судски совет по кого трага полицијата, не се појавил на денешната седница

by fokus

Зоран Теофиловски, членот на Судскиот совет по кого трага полицијата, откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага за него и уште неколку лица, не присуствувал на денешната седница на Судскиот совет.
Од таму за Фокус велат дека досега ништо официјално не стигнало до нив за истрагата која ја отворило Обвинителството и не може да коментираат. Денешната седница на Советот на која требаше да бидат избрани судии во Апелацискиот суд, се одложила, не поради Теофиловски, туку затоа што новиот член на Советот не бил запознаен со кандидатите, па му оставиле време и седницата ја закажале за по новогодишните и божикните празници.

Теофиловски заедно со уште четворица други кандидати беше избран за член на Судскиот совет во месец декември 2018 година, а во ова тело беше избран откако и помина мандатот на неговата балдаза Александра Зафировска, позната од бомбите по соработката со поранешниот премиер Никола Груевски за избор на судии. Неговото име се поврзува и со караница со негов колега кого го пцуел и колнел на тетовските гробишта бидејќи отфрлил негова тужба против приватно лице. Сепак, судијката верува во стручноста на своите колеги.

Од Обвинителството само ја потврдуваат информацијата и велат дека наскоро ќе има официјални детали за истрагата. Според она што е објавено, по наредба на Обвинителството, утринава се приведени петмина вработени во Општина Тетово, а Теофиловски се бара за незаконска легализација и за приватизација на атрактивно земјиште. Предистрагата се водела околу една година, но била започната откако Теофиловски бил избран за член на Судски совет.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости