518
Вкупно 193 земји-членки на ОН не успеаја да се договорат за буџетот за следната година за мировните операции, што истекува на 30 јуни, соопштија вечерва дипломатски извори, додавајќи дека тоа може да доведе до „замрзнување на тие мисии“.
Истите извори наведоа дека недостигот на договор се должи на Кина и некои африкански земји, кои испратија нови барања во последен момент.
Буџетот за мировни операции – околу 20 низ целиот свет – е околу 6,5 милијарди долари и опфаќа период од 12 месеци, почнувајќи од 1 јули.