Членките на НАТО не треба да се откажат од испраќање поголема воена помош за Украина поради непромислената нуклеарна реторика на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска во интервју за Ројтерс генералниот секретар на НАТО во заминување Јенс Столтенберг.
Тој реагираше на изјавата на Путин минатата недела дека Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде погодена од конвенционални ракети и дека Москва ќе го смета секој напад поддржан од нуклеарно оружје врз неа за заеднички напад, наведува агенцијата.
🗣 NATO members should not be deterred from giving more military aid to Ukraine by Putin's "reckless Russian nuclear rhetoric", outgoing NATO boss Jens Stoltenberg told Reuters in an interview on Monday.https://t.co/DJ6OMH7BZh
— Russia-Ukraine Daily News (@rvps2001) September 30, 2024
„Она што го видовме е образец на непромислена руска нуклеарна реторика и пораки, и тоа се вклопува во таа шема“, рече Столтенберг, кој утре по една деценија на функцијата ќе му го предаде раководството на НАТО на поранешниот холандски премиер Марк Руте.
Столтенберг истакна дека секој пат кога ја зголемувале поддршката за нови видови оружје – борбени тенкови, ракети со долг дострел или Ф-16, Русите се обидувале да ги спречат.
„Тие не успеаја, па дури и овој последен пример не треба да ги спречи сојузниците на НАТО да ја поддржат Украина“, рече тој.
Столтенберг рече дека НАТО не забележал никаква промена во нуклеарната позиција на Русија која би барала какви било промени во НАТО.
Тој рече дека најголем ризик за НАТО би бил доколку Путин победи во Украина.
„Тогаш пораката ќе биде дека кога употребил воена сила, но и кога им се заканувал на сојузниците во НАТО, дека го добил тоа што го сакал и тоа сите ќе не направи поранливи“, нагласи Столтенберг.
Тој, исто така, рече дека секој договорен крај на војната ќе мора да вклучи безбедносни гаранции за Украина од западните сили, првенствено САД.
Во спротивно, рече тој, Русија нема да почитува ниту една линија исцртана на картата над која не треба да оди.