Член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ за НОВА изјави дека “немало никакви странски служби, не прислушуваше Мијалков”.
На вчерашната седница на ЦК на ВМРО ДПМНЕ најдраматичен момент, според извори на НОВА, била иницијативата за предлогот ОК да го исклучи од членство во партијата Сашо Мијалков. Иницијативата ја поднел потпретседателот на партијата Александар Николовски кој истапил со став дека партијата мора да расчисти со “материјалистите” за да се врати на идеалите на партијата а со тоа да им се овозможи и делување на “идеалистите”, вели член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ кој побара анонимност.
Николовски, според истиот извор, во своето излагање по иницијативата навел повеќе информации околу тоа како Мијалков профитирал финансиски благодарејќи на привилегиите кои му ги овозможила партијата. Николовски навел дека партијата за негови лични интереси десетици пати гласала за промена на закони кои биле единствено во служба на задоволување на лукративните интереси на Мијалков.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во своето излагање исто така нагласил дека партијата претрпела огромни штети поради тоа што, како што рекол Николовски, Мијалков а не странски служби, го вршеле прислушувањето при што најголем дел од прислушуваните се членови на ВМРО ДПМНЕ. Николовски во своето обраќање исто така го обвинил Мијалков дека тој физички му се заканувал на пратеникот Муковски за да го принуди да гласа за поддршка на уставните измени.