Член на Судски совет стана В.Д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители

by fokus

Членот на Судскиот совет, Зоран Герасимовски од член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители избран е за В.Д. претседател на Академијата.

На досегашната директорка, Наташа Габер – Дамјановска и истече мандатот вчера, а Герасимовски едногласно бил избран за вршител на должност додека не биде избран друг.

– За вршител на должноста директор на Академијата за судии и јавни обвинители, едногласно беше назначен Зоран Герасимоски, член на Судскиот совет на Република Северна Македонија, до избор на директор на Академијата.

Именуваниот, едногласно беше избран за вршител на должноста директор на Академијата за судии и јавни обвинители од редовите на членовите на Управниот одбор, земајќи го предвид фактот што истиот е со долгогодишно искуство во вршење на судиската функција, пред се како судија на Апелациониот суд Скопје, а понатаму и како член на судскиот совет на РСМ, со стекнат интегритет и углед во правосудството на РСМ, се вели во соопштението од Академијата за судии и јавни обвинители.

Неговата судиска функција е ставена во мирување поради активноста во највисокото судиско тело, но тој не се откажува од Судскиот совет.

Седницата на Судскиот совет на која Герсимовски стана член на Управниот одбор во Академија беше последна под раководство на Павлина Црвенковска, која си поднесе оставка од функцијата.

Поврзани новости