Член на медицински персонал во Данска починал откако примил вакцина на АстраЗенека

by Фокус

Данските здравствени власти денеска пријавија појава на згрутчување на крвта и церебрална хеморагија кај двајца членови на медицински персонал откако беа вакцинирани со АстраЗенека.

Данскиот регион Хоевстаден, што управува со јавни болници во Копенхаген, соопшти дека починал еден од двајца членови на медицински персонал што ја примиле вакцината.

Тие се разболеле помалку од 14 дена откако ја примиле вакцината.

Некои земји, вклучувајќи ги Германија и Франција, ја поништија одлуката оваа недела да ја суспендираат вакцината АстраЗенека по извештаите за ретки тромби во мозокот.

Данска ја прекина употребата на таа вакцина на 11 март и се уште не ја смени својата одлука.

Поврзани новости