Чистка во Украина: Зеленски го отпушти командантот на воздухопловните сили

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешчук по падот на Ф-16.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Александар Сирски, за нов командант наместо Олешчук го назначи генерал-полковник Анатолиј Кривоношко.

Пред ова именување, Кривоношко ја извршуваше функцијата командант на командата на воздухопловните сили „Центар“ на вооружените сили на Украина.

Претходно, еден од ловците Ф-16, кои режимот во Киев ги прими на крајот на јули, се урна во понеделникот на 26 август, само неколку недели откако првиот авион од американско производство пристигна во Украина, објави „Волстрит џурнал“.

Иако западните медиуми пишуваат дека авионот бил соборен за време на рускиот бараж, од Украина доаѓаат информации дека борбениот авион загинал во судир со украинскиот противвоздушен систем „Патриот“.

Поврзани новости