Струјата денеска престана во големите делови на Чиле, од северот на земјата каде што се рударските центри, до централните и јужните региони каде живее најголемиот дел од населението, вклучително и главниот град Сантијаго, соопштија властите.
Ескондида, најголемиот рудник за бакар во светот, ја загуби енергијата, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.
Рудникот Антофагаста соопшти дека работи со резервен генератор на струја.
Прекини на струја ја погодија земјата од северниот регион Арика и Паринакота до јужниот регион Лос Лагос, соопшти чилеанската Национална служба за превенција и одговор при катастрофи.
Уличните светла во главниот град на Чиле не работат, изјавија очевидци за Ројтерс.
Метрото во Сантијаго, кое превезува милиони патници, исто така беше погодено од затемнувањето, соопшти агенцијата.
Компаниите за пренос на електрична енергија работат на утврдување на причината за дефектот и рестартирање на услугата.