517
Адора инженеринг им честита на среќните родители Снежана и Димитар Рунтеви и на новороденчињата, Анастасија и Габриел, кои се родија први во Новата 2020 година.
-Во изминатите 18 години во Адора се радувавме на многу новороденчиња, на многу млади брачни парови, на проширување на нивните семејства. Радоста беше голема кога се родија близнаци во две семејства на вработени во Адора, затоа чувството на радост, на нов почеток, на надеж за светла иднина, генералниот директор на Адора, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, искрено, од срце и душа ја сподели со родителите на првите новороденчиња во Новата година, посакувајќи им добро здравје, среќа, љубов, успеси во животот на целото семејство, велат од Адора.