„Четворицата малолетници, кои од петокот вечерта се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија откако беа пронајдени во тешка состојба по конзумирање психотропни супстанци, денеска се со подобрена општа здравствена состојба“,
Ова меѓудругото за државната МИА го изјави директорот на Клиниката, Андон Чибишев.
Тој вели дека утре ќе се одлучува дали тие ќе бидат пуштени дома.
„Клинички и лабораториски, сите параметри се стабилни“ – вели Чибишев кој и вчера рече дека состојбата на малолетниците е стабилна и дека тие се свесни и контактибилни.
Анализите што биле направени докажале дека кај малолетниците имало присуство на психотропни супстанци, но не и алкохол.
Од МВР вчера информираа дека е приведен 40-годишниот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа беа пронајдени четворицата малолетници од кои двајца беа во бессознание.