Четврти парламентарни избори во Бугарија во нецели 2 години

by Фокус

Утрово во Бугарија почна изборниот ден на предвремените парламентарни избори, а гласањето тече нормално, известуваат бугарските медиуми.

Денес, бугарските граѓани по четврти пат гласаат за ново народно собрание во последните 18 месеци, кога Бугарија е во постојана политичка нестабилност.

Право глас имаат 6.602.990 бугарски граѓани запишани во избирачкиот список. Отворени се 11.636 избирачки места, а во 9.369 од нив ќе се гласа машински, во 1.105 избирачки места ќе се гласа со два апарати, додека во 2.785 места, претежно помали градови и села, бугарските граѓани ќе гласаат со хартиени ливчиња.

Избирачки места се отворени и во странство.

На предвремените парламентарни избори во Бугарија, учествуваат 28 политики формации, од кои 22 се политички партии, а шест се коалиции.

Според предизборните анкети, ГЕРБ на Бојко Борисов е во водство и ја има поддршката од 24 отсто од испитаниците, што е за 8 процентни поени повеќе од „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков и Асен Василев.

Сепак, се проценува дека ГЕРБ тешко ќе стигне до апсолутно мнозинство и ќе му биде потребен коалициски партнер или партнери за да формира влада.

Поврзани новости