421
Нова социјалдемократска партија (НСДП) денеска ќе одржи четврти редовен конгрес, на кој ќе се обрати претседателот на партијата Тито Петковски.
На конгресот ќе се избира претседател на партијата, како и членови на Централниот и Надзорниот одбор.
Во пресрет на конгресот имаше тензии и препукување меѓу кандидатите за претседател на партијата, Тито Петковски и Љубомир Јосифовски. Поранешниот пратеник Јосифовски поднесе кандидатура за претседател и обвини дека стариот лидер Тито, никако да се повлече од функцијата и да отстапи место за млади и помлади кадри на оваа партија.