Денеска има двајца оздравени од ковид-19 од Велес, а во градот веќе четврти ден нема регистрирани заразени со новиот вирус, односно од 21 мај кога бројката беше 127 заболени. Во моментот, од нив активни се 41 лице.
Во Инфективното одделение при ЈЗУ Општа Болница во Велес моментално на лекување се 19 пациенти, од кои кај 18 е потврдено присуството на ковид-19, а еден чека резултат од тест.
Градоначалникот Аце Коцевски на прес-конференцијата во петокот апелираше до граѓаните и покрај тоа што последниве денови нема новорегистрирани со Ковид-19, тие сепак премногу да не се опуштааат и да бидат претпазливи.
Да носат задолжителна заштитна опрема маски за лице и без групирања и држење на растојание од два метри, а се со цел да го заштитат сопственото и здравјето на останатите граѓани.