Веќе четири дена се трага по Томе Божиновски (85), кој на 29-ти јули излегол од домот во Тафталиџе, рано наутро, и му се губи траг.
Семејството го пријавило случајот во полиција и апелира доколку некој има било каква информација, да се јави на мобилниот 077 633 742 или пак во полиција.
За ,,Фокус” истакнуваат дека се работи за лице со деменција, и ако граѓаните го сретнат, да го задржат.
-Во минатото се случуваше Томе да замине некаде, но секогаш го наоѓавме во близина. Ова е првпат да го нема толку долго, сите сме загрижени за него. Исто така, за првпат тој со себе зел и бастун, што во минатото не се случило. Молиме за помош, можеби е гладен, жеден, изнемоштен, сигурно е збунет и итно му е потребна помош.
Добивме дојава првиот ден дека наводно бил забележан во Градски парк, но еве поминаа четири дена, не можеме да го најдеме, апелираат од семејството.
Појаснуваат дека Томе бил облечен во жолти шорцеви, тегет маица со кратки ракави и елек, исто како на сликата која ја доставија до медиумите.
Се замолуваат сите кои имаат информација за случајот, веднаш да пријават во полиција или да се јават кај семејството.
Вики Клинчарова