Четворица загинати во силно невреме во делови од САД

by Fokus

Најмалку четири лица загинаа во невреме со бури и силни ветришта што предизвикаа материјални штети од Јужните рамнини до Големите Езера на север. 

Меѓу жртвите од невремето во Тексас, Арканзас, Охајо и Мичиген има и деца. 

Заканата од бури оди на исток, задржувајќи се во делови од Вирџинија и Мејн, но, според метеоролозите, ова невреме нема да биде толку интензивно како вчера. 

Националната метереолошка служба соопшти дека примила 330 извештаи за силен ветер со брзина од над 110 километри на час на некои места од Среден Запад до Охајо. Исто така има извештаи и за падежи на град на некои место со големина на јајце, како на пример во Висконсин, додека град со големин на голф топче паѓал во Њу Хемпшир.  

Во Мичиген, пак, од измината ноќ имало прекини на напојувањето со електрична енергија кај 600,000 жители, според агрегаторот PowerOutage.us. Заклучно до денеска наутро по локално време, повеќе од 350.000 лица, претежно во јужниот дел на Мичиген, се без струја. 

Поврзани новости