Конвој на Соединетите Американски Држави беше напад вчера во Нигерија при што загинаа четири лица, меѓу кои двајца вработени од американскиот конзулат и двајца полицајци. Беа киднапирани уште тројца, според локалната полиција и американски официјални лица.
„Нападот се случи во југоисточната држава Анамбра“, изјави командантот на полицијата на Анамбра за „Си-Ен-Ен“, и додаде дека напаѓачите „убиле двајца полициски оперативци и двајца вработени во американскиот конзулат и ги запалиле нивните тела и нивните возила“.
Според Белата куќа и локалната полиција, лицата кои беа убиени не биле американски државјани.
„Ниту еден американски државјанин не беше вклучен и затоа немаше повредени граѓани на САД“, рече Џон Кирби од Советот за национална безбедност на САД.
„Свесни сме за некои жртви, можеби дури и за некои убиени“.
Кога напаѓачите ги виделе безбедносните сили „тие се разбегале со двајца полициски оперативци и еден возач на второто возило во конвојот“, рече Икенга Точукву, заменик-началник на полицијата. „Ниту еден американски државјанин не беше во конвојот“, додаде тој.
Портпаролот на Стејт департментот во вторникот рече дека „персоналот на мисијата Нигерија работи со нигериските безбедносни служби на истрагата“.