600
Четворица вработени во антикорупциската комисија се позитивни на корона вирус, дознава Телма. Според информациите се работи за луѓе од Секретаријатот на комисијата, а кај една од нив првиот позитивен тест бил пристигнат пред три денови.
По ова се тестирале и дел од колегите па се добиени останатите три позитивни тестови. Ваквите информации ги потврдува и претседателката на комисијата Билјана Ивановска.
Вели дека ги почитувале сите протокли, во моментов се работи епидемиолошка анализа на контактите.
Бара сите вработени да бидат тестирани бидејќи од следната недела започнува предизборната кампања а улогата на комисијата е битна во набљудување на изборите.