Четворица уапсени во Грција за фалсификување документи, откриени пасоши меѓу кои и македонски

by Fokus

Грчката полиција уапси четири лица, странски државјани за поседување пасоши и патни исправи што им припаѓаат на трети лица и за фалсификување документи со цел да се користат за нелегална миграција, а меѓу пронајдените пасоши, според објавената фотографија од полицијата, два се македонски, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштуваат дека биле откриени 33 пасоши од различни земји, 23 лични карти од различни земји, 17 возачки дозволи од различни земји, три дозволи за управување со јахти, како и дозволи за престој, пет мобилни телефони и 550 евра, а за 36 од пронајдените документи постоела пријава од сопствениците дека се украдени или изгубени.

Во соопштението не е споменато од кои земји се пронајдените пасоши, меѓутоа на фотографијата од конфискуваните документи, се гледа дека два од пасошите се македонски.

Уапсените биле откриени при контрола на полицијата на автомобил во атинска населба, а меѓу четворицата била и жена која преправајќи се дека е бремена, под облеката имала скриено кеса со пасошите, личните карти и другите документи.

Поврзани новости